Home / Вести / Јанева:Законот беше моја библија

Јанева:Законот беше моја библија

Благодарам што после 10 месеци молчење и пандемија можам да ја кажам вистината која и ја должам на јавноста. Чест и долножст ми беше што бев избрана за Специјален јавен обвинител. Библија на мојата работа беше Законот за кривична постапка и Законот за СЈО. Според овие закони работев во изминатите години. Ние имавме многу тешки услови за работа. За сето тоа се изборивме заедно со мојот тим се изборивме да го добиеме, а ни беше одреден буџет од 4 милиони евра, изјави денеска во Кривичниот суд второобвинетата во случајот „Рекет“ Катица Јанева во својата одбрана.

– Дури 660.000 илјади фајлови ни беа дадени од опозицијата. Бидејќи јавноста беше многу заинтересирана за „бомбите“, се интересираа и за нас. Народот не подржуваше и со паролата „Нема правда нема мир“. Законите ни беа наша ѕвезда водилка. Дури 35 предмети кои требаше да ги води ОЈО ни беа дадени на нас – рече таа.Прочитајте и…  Заев: Обезбедивме пари за да ја покриеме дупкатa во Буџетот

Јанева истакна дека нејзините вработени и биле многу важни и се гордеела со начинот на својата работа.

– Да знаете што сè знам јас знам од тие фајлови – нагласи Јанева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!