Don't Miss
Home / Вести / Јапонскиот амбасадор Савада во посета на Битола

Јапонскиот амбасадор Савада во посета на Битола

                  

Традиционалната соработка на Општина Битола и јапонската амбасада успешно опстојува со години наназад, но евидентна е тенденцијата на  продлабочување во насока на взаемна соработка и поддршка.

Ова беше истакнато на средбата на јапонскиот амбасадор Хиронори Савада и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Градоначалничката Петровска, на првата работна средба на јапонскиот амбасадор во градоначалничкиот кабинет, ги посочи општинските достигнувања во нејзиниот мандат, а особено ги истакна вложувањата со кои се подобрија условите во образовните институции, почнувајки од градинките, основните и средните училишта. Таа се заблагодари за донацијата со која комплетно беше променета покривната конструкција и фасадата на објектите од градинката „Коца Василева”.

Амбасадорот Савада истакна дека и понатаму амбасадата на Јапонија ќе ја поддржува соработка и помошта преку различни програми и грантови, со цел да се излезе во пресрет на најосетливите категории.

 Токму преку ваквите програми, во Битола, истакна амбасадорот, реализирани се 11 проекти, од кои 6 во училишта и градинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*