Home / Вести / Јавна благодарница на претседателот Стево Пендаровски

Јавна благодарница на претседателот Стево Пендаровски

Македонско научно друштво-Битола во рамките на јубилејот – 60 години МНД-Битола, додели признание, кристална коцка и јавна благодарница на проф. д-р Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Шефот на државата приреди прием за делегација на МНД-Битола предводена од претседателот проф. д-р Марјан Танушевски и членките на раководството, д-р Мери Џарлиева и доцент д-р Невена Груевска, кои претседателот Пендаровски го информираа за историјатот на Друштвото, програмските активности и издавачката дејност.

-Пријатно сум изненаден од богатата историја на МНД-Битола, мисијата и визијата. Ви честитам за ангажанот и традицијата што ја негувате, истакна претседателот Пендаровски, а во знак на благодарност, претседателот на МНД-Битола, проф. д-р Танушевски му подари примероци од јубилејната монографија „60 години ДНУ/МНД-Битола, 1960-2020“, новиот број на списанието „Современи дијалози“ и посебното издание „Прилози“ со трудови од научниот собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*