Don't Miss
Home / Култура / Јелена Томашевиќ ќе пее на Фестивалот “ Музика од светот“

Јелена Томашевиќ ќе пее на Фестивалот “ Музика од светот“

Во организација на Центарот за култура од 15 до 17 ноември, во Битола ќе се одржи 11-то издание на традиционалниот фестивал „Музика од светот”. Годинава на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во три големи концерти, што ќе се одржат во големата сала на Центарот за култура – Битола.

На свеченото отворање на Фестивалот ќе настапи познатата хармоникашка Хели Сиекинен од Финска. Станува збор за музичарка од светски ранг, и по настапот во Битола ќе одржи солистички концерт во Германија.

На 16 ноември, балканската дива Јелена Томашевиќ ќе настапи со Камерниот оркестар. Публиката ја памети по нејзиниот настап како претставничка на Србија на Евровизија.

Следниот ден, пред публиката ќе одржи концерт Џамбо Агушеви Оркестар со специјалниот гостин Благојче Трајковски. Нивните настапи се препознатливи на светските сцени, а тие всушност и свечено ќе го затворат годинашното издание на Фестивалот „Музика од светот”.

Година фестивалот „Музика од светот” има нов селектор, како што истакна на прес-конференцијата во понеделникот, директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска-Илијевски.

– Станува збор за музичарот Владимир Димовски, вработен во Македонската опера и балет, инаку диригент на Камерниот оркестар од Битола. Фестивалот „Музика од светот” и годинава ќе има офф програма, бидејќи целта ние е Битола за време на фестивалските денови, 24 часа да живее со музиката – истакна Андоновска- Илијевски.

Фестивалот „Музика од светот” ќе се одржи со поддршка од Министерството за култура, Општина Битола, и со спонзорство од „Стоби”, „Ла дама” и „Филеви” од Охрид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*