Home / Вести / ЈП Комуналец набави две нови возила за машинско метење на електричен погон

ЈП Комуналец набави две нови возила за машинско метење на електричен погон

Во техничкиот двор на ЈП „Комуналец“ денеска пристигнаа двете возила за машинско метење на јавни прометни површини, на електричен погон.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски извршија теренски увид при пристигнувањата на возилата, како дел од проектот „За почиста Битола!“.

 Од страна на стручниот тим, беше објаснет процесот, начинот на делување и програмата по која во наредниот период ќе започнат со работа двете возила.

Со дополнувањето на возниот парк со новите две електрични возила за машинско метење на улиците, како и со неодамна набавеното ново возило за машинско водено метење и миење на улиците со зафатнина од 5,5 метри кубни, во голема мерка ќе се даде придонес кон грижата и заштитата на животната средина и степенот на одржување на јавната чистота во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*