Home / Вести / Ќе се гради старски дом на влезот за Пелистер

Ќе се гради старски дом на влезот за Пелистер

          На последната седница на Советот на Општината прифатено е барањето за локалната урбанистичка планска документација  за изградба на Старски дом во Битола, на патот, кој од местото викано Црвени петли води кон Националниот парк Пелистер.

          Со тоа се остранети сите пречки за почеток на изградба на Старски дом во  Битола.

          Инаку станува збор за дом кој ќе има капацитет од пеесетина легла, а ќе го гради битолски приватен инвеститор.

          Инаку во Битола потребата од старски дом е огромна.

Стотици стари лица се наоѓаат на списоците на старсиот дом “Сју Рајдер“ кои чекаат да бидат згрижени во домот.

          Покрај овој дом кој има капациетт од над тотина  легла во Битола, постои уште еден приватен старски дом кој   се наоѓа во селото Кравари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*