Don't Miss
Home / Uncategorized / Од земени телефоните на учесниците од 27 април

Од земени телефоните на учесниците од 27 април

Одземени биле и дадени на вештачење мобилни телефони  кои во различни периоди биле прошверцувани до дел од притворените за настаните од 27-ми април 2017 година.

Според изворите на  Битолски весник, се претпоставува дека најверојатно била искористена можноста да бидат внесени замаскирани меѓу храната што ја носеле членови на нивните семејствата за време на посетите, но не се исклучуваат и други начини.

Станувало збор за најмалку пет-шест телефонски апарати внесени во различни периоди. Сите биле одземени, доставени до надлежните органи и испратени на вештачење. Неофицијално, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ексначалникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица.

Според првичните сознанија, дел од притворените преку тие телефони оствариле интензивна комуникација со партиски и други лица за околностите поради кои се во притвор, што би можело да обезбеди серија дополнителни докази во постапката за настаните од 27-ми април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*