Home / Вести / Белградскиот саем претворен во болница

Белградскиот саем претворен во болница

Најголемата хала на Белградскиот саем денеска е претворена во болница со 3000 легла.

На белградскиот саем присутни се воени лица кои од камионите истоваруваат кревети.

Халата претходно служеше за голем број концерти и саеми, па дури и за Европското првенство во кошарка.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, истакна дека белградскиот саем не е случајно избран да служи како импровизирана болница што ќе се користи во борбата против вирусот.

– Ние изложивме неколку локации пред кинеските експерти, а тие го избраа Саемот. Мора да има посебен влез за пациенти и персонал и некои други фактори мора да бидат исполнети за да биде безбедно. Тоа е од нивното искуство. Тие беа на Саемот и ќе утврдат точно како ќе функционира, каде ќе бидат влезот и излезот, што ќе се користи, кои се правилата на однесување и ќе ни требаат 48 часа да ги следиме потребните процедури – објасни Лончар.

Српскиот претседател, Алекдандар Вучиќ најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*