Home / Вести / Кондовски : Ќе воведам дигитален систем за директен контакт со граѓаните

Кондовски : Ќе воведам дигитален систем за директен контакт со граѓаните

Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директна, редовна и двострана комуникација ќе создаде систем за брза реакција на проблемите во општината. Тоа е основа за правилно долгорочно планирање и развој на општината во правец кој граѓаните го бираат на овие избори.

Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

-Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните! Тоа ќе значи постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот. Иницијативите од граѓаните ќе бидат прифатени и процесирани во јасен систем!  рече Кондовски, притоа додавајќи дека Општината Битола во рок од 10 дена ќе има обврска да одговори на граѓанските иницијативи.

Кондовски посочи дека учеството на населението во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на четири години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради вистински партнерски однос.

„Заедно одлучуваме. Затоа давам збор дека сум и ќе бидам човек од доверба, чесен, искрен, домаќин. Близок до секој од вас, постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, ќе слушам и ќе постапувам, ќе служам. Јас сум и ќе останам човек од акција, работлив, вреден. Подготвен сум, запознаен со проблемите и имам конкретен план со решенија. Ќе бидам еднакво близок со сите. Јас не ги делам луѓето по ниту еден основ“, им порача Кондовски на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*