Home / Вести / 30 дена притвор за обезбедувач на Парламентот

30 дена притвор за обезбедувач на Парламентот

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати.

Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, велат од таму. По распитот кај судијата, Алими со комбе бил пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Според видео снимките од крвавите настани, Алими е тој што го спасува пратеникот Зијадин Села од разгневената толпа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!