.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Вечерва премиера во киното Манаки на документарниот филм за Ајри Демировски

Вечерва премиера во киното Манаки на документарниот филм за Ајри Демировски

       

        Вечерва, 28 септември,  во киното Манаки, со почеток во 20 часот премиерно ќе биде прикажан музичко – документарниот филм за Ајри Демировски, авторот на песната “ Битола мој роден крај”.

         Преку овој документарен филм, чиј автор  сценарист и продуцент е Менде Младеновски, а  е  изработен во копродукција со Битолски весник и Радио Б -97, присутните ќе можат да се запознаат со животот  и музичкото творештво на Ајри Демировски, човекот, кој со песната “Битола мој роден крај” Битола ја направи вечна, а и себеси се запиша во вечните.

        Во овој филм покрај тоа што ќе можат гледачите да видат и слушнат како Ајри Демировски ја напишал песната Битола мој роден крај, ќе можат да се запознаат и со неговото огромно музичко творештво, кое брои над 80  песни, од кои најголемиот број се антологиски, како и да ги слушнат  изведбите на неколкумина познати музичари, композитори и текстописци, кои говорат за  музичкото творештво на Ајри.

        Во рамките на премиерата на овој филм ќе настапат и неколку познати битолски пеачи, меѓу кои Маргарита Христова, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов и Велчо Петровски, кои ќе исполнат песни од Ајри.

Во 2007 година Ајри Демировски, чија песна “ Битола мој роден крај “ е прогласена за песна на векот од страна на Советот на Битола беше прогласен за прв почесен граѓанин на Битола, а наредната, 2008 година Битолски весник, во рамките на манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани“ го прогласи за личност на годината.

        Инаку Ајри Демировски,   почина во Измир на 22  октомври 2010 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*