Home / Вести / АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40 отсто повеќе струја од истиот период лани

АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40 отсто повеќе струја од истиот период лани

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023г. АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022г, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021г.

Планот за производство за 2023г. заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,50%. Позитивните резултати во 2023г. се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија.

Во одредени денови има определени отстапувања во планираното производство кои одат во плус или во минус, односно АД ЕСМ во одредени денови внесува и значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од потребните за дневното снабдување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*