Home / Uncategorized / АД ЕСМ подели училишен прибор на првачиња со мотиви од обновливите извори

АД ЕСМ подели училишен прибор на првачиња со мотиви од обновливите извори

Училишен прибор со мотиви од обновливите извори на енергија и заштита на околината им подели денеска генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски на првачињата во Битола.

Директорот Ковачевски го посети ОУ ,,Стив Наумов” кое годинава има најмногу запишани првачиња во градот, 102. Ковачевски на децата им подели тефтерчиња, моливи и сокчиња и им посака успех во нивното школување.

,,За децата донесовме мали подароци за првиот училишен ден за да им кажеме дека мислиме на нив и дека сме секогаш тука кога ќе треба помош и поддршка. Тефтерчињата во кои се надеваме дека ќе ги запишат нивните први букви се со мотиви од природата, обновливите извори и заштита на животната средина, и со тоа сакаме да им пратиме порака дека од мали нозе треба да размислуваат и да делуваат во тој правец, особено што се запишани во еко-училиште кое има бројни еко-сертификати и дипломи.

Мојата радост што сум тука денеска е уште поголема поради тоа што и мојот прв училишен час се случил токму во ова училиште, ,,Стив Наумов,,-изјави директорот Ковачевски, кој во посетата беше заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Фатмир Лимани заедно со директорот на РЕК Осломеј, Ќерим Халили денеска ги посети првачињата во  основните училишта во Зајас, Грешница,  Гарани, Сербица, Јагол, Другово и Лисичани –Кичево, каде поделија пакетчиња со школски материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*