Home / Uncategorized / Адора Инженеринг најсреќните купувачи ги носи на егзотичен одмор на Куба

Адора Инженеринг најсреќните купувачи ги носи на егзотичен одмор на Куба

Адора инженеринг по повод 15 годишниот роденден на компанијата, најсреќните купувачи ги носи на незаборавен одмор на Куба, една од најпосакуваните туристички дестинации во светот.

Сите купувачи на стан или деловен простор во објектите  “Adora Flatiron Skopje” i “Adora Diamond Garden кои со почеток од 14 јули до крајот на септември, ќе имаат склучено преддоговор за купопродажба и уплатено 30 % од вкупната цена на недвижниот имот, учествуваат во наградната игра “Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба”.

Најсреќниот купувач кој ќе биде извлечен на 30 септември, добива  наградно патување на Куба за двајца, што ќе се реализира од први до 13 ноември годинава, со авио-превоз од Скопје, хотелско сместување во ексклузивниот туристички центар Варадеро, со полна пансионска услуга и можност за интересни екскурзии.

Целта на градежниот бренд познат по бројните изненадувања за купувачите е да им ја збогати среќата од новиот дом со одмор на најпопуларниот Карипски остров.

Куба е позната по белите песочни плажи, тиркизното море, рајските острови,  бурната историја, салсата и темпераментната музика, олдајмерите.

Најсреќните купувачи во “Адора” ова лето, 2017 година  ќе ја паметат по новиот квалитетен, безбеден, економичен дом и по егзотичното, далечно патување на Куба.

Оваа награда е уште едно изненадување годинава за довербата што купувачите и ја дават на Адора инженеринг, по доделениот дијамантски прстен, Винскиот викенд и наградата автомобил “Mazda CX-3”  што на крајот од 2017 година,  ќе ја добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во објектот Адора Флатирон Скопје.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*