.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Академијата “ЗА НЕД ДО” на светско првенство во Хрватска

Академијата “ЗА НЕД ДО” на светско првенство во Хрватска

По селективниот турнир на кој зедоа учество над 90 натпреварувачи во сите категории и дисциплини, Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола ја направи својата селекција од најдобрите за оваа година, кои и оваа година ќе ја претставуваат академијата на светското првенство.
Но, поради тешката финансиска ситуација, од потенцијалните 20 натрпеварувачи, по интерен договор и селекција на мајсторот Златко Неделковски, оваа година тимот ќе се состои од 10 натпреварувачи, кои ќе земат учество на светското првенство во боречки вештини и борби, кое оваа година ќе се одржат во Умаг, Република Хрватска во периодот од 22 до 26 октомври.
Како и минатата година, и оваа, Академијата ќе има свои претставници во дисциплините: самооодбрана, музички форми со оружје, лајт контакт борби и семи контакт борби.
Подготовките веќе се во сериозна фаза, и според изјавата на мајсторот Златко Неделковски дисциплината и подготвеноста на секој член од тимот е веќе на завидно професионално ниво што не е причина да се прекине со макотрпните тренинзи, кои овие натпреварувачи ги имаат по најмалку два пати во текот на денот.
Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола минатата година на Светските првенства кои се одржаа во Атина, Република Грција, со тим од 4 натпреварувачи се вратија со 4 светски шампионски титули, една вице шампионска титула и две бронзени медали.

Горди што преку спортскиот дух на другарување и натпреварување успеале четири пати да се интонира македонската химна на сред Атина и исто толку пати на највисокото, прво место да се вее македонското знаме, како и секогаш, скромно не сакаат да даваат никакви предвидувања и очекувања за предстојното светско првенство.
Главниот тренер, Дијана Неделковска само кратко изјави дека моментно се фокусирани само на подготовките и дека единствена цел и желба и е сите 10 натпреваувачи, меѓу кои и самата таа да бидат во добра форма и здравје и да земат учество во своите дисциплини.
Инаку Дијана Неделковска, минатата година ја понесе титулата Светски шампион во екстремна самооодбрана во апсолутна категорија за 2013 за што и доби низа признанија од градот, меѓу кои и она најбитното,од колегите кои и заблагодарија за овај успех со нејзино прогласување за спортист на годината.

Сега за нив најбитно е секој натпреварувач да ја изработи демонстрацијата или борбата професионално со што ќе го потврди реномето на најдобрата академија за боречки вештини во Македонија. За медалите, пиедесталот и се останато овие спортисти воопшто и не размислуваат. Скромност и посветеност во перфекционизмот е она на што тие работат во деновите на подготовки.

Особина на која што мајсторот Златко Неделковски со 45 годишно искуство е особено горд на своите ученици.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*