Home / Вести / Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни нека му е со среќа

Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни нека му е со среќа

Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите.

Во гостувањето во вестите на телевизија Сител, Мицкоски рече дека на вчерашната лидерска средба една политичка партија соопштила дека за неа е прифатливо изборите да бидат на крајот на јуни – почетокот на јули, но исто така и во септември, а друга партија прво како предлог го спомнала крајот на јули – почетокот на август, потоа крајот на август, а на крај како термин го посочила 26 јули.

Тој уште еднаш како аргумент плус го кажа бројот на заразени.

-Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 инфицирани и нови двајца кои го загубија животот. Но, мојата работа е таква, јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања, бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене, Зоран Заев, се обиде сето тоа да го вулгаризира дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да, јас се согласувам дека ја побарав, но ја побарав за да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред се и над се, здравствената. Тогаш, ако се сеќавате, дојде одговор од СДСМ дека не е време за избори и дека нема што да одат на лидерска средба на која ќе разговараат за избори, иако никој тогаш не спомна избори за недела-две потоа, повторно за 180 степени да го променат својот став и да лиферуваат дати дека ако не оди опозицијата тогаш ќе оделе сами. Еве, ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!