Home / Uncategorized / Активните мерки за вработување дадоа резултати

Активните мерки за вработување дадоа резултати

Во органзација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, денеска во Битола се одржа втората регионална средба за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

-Сметам дека овој тип на дебати на локално ниво се клучни. Мерките се успешни кога се креираат според потребите на даден регион и за тоа веќе имаме успешен пример од минатата година. Во овој регион минатата година 700 лица ги користеле активните мерки за вработување. Верувам дека со добро планирање и сугестиите што ќе ги добиеме од бизнис секторот можеме да го зголемиме бројот на вработувањата но и да го обезбедиме потребниот кадар којшто недостига на компаниите и тоа ќе биде во интерес на сите – рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Земајќи учество во дебатата, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска истакна дека Министертвото за труд и социјална политика ги креира мерките за оперативниот план со цел истите да бидат успешно имплементирани.

– Во овој регион во моментот имаме над 350 работодавачи коишто ги користат услугите за вработување и над 700 лица. Во моментот течат обуки за наши колеги кои ќе станат советници на работодавачите и тие треба да даваат директна стручна поддршка на бизнисот. Исто така, од Нова Година планираме да воведеме целосно нов концепт на работење – рече Јовановска.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, истакна дека во Битола и во регионот недостига квалификувана соодветна работна сила и на овој проблем треба соодветно да се одговори.

-Годинава Министерството за труд и социјала и Владата со четирикратно зголемените средства што ги има би можеле да ви дадат соодветен импут во бизнисот преку овие мерки – истакна градоначалничката Петровска.

Инаку, средбата во Битола беше организирана со поддршка на проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог кој го финасира ЕУ, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*