Home / Вести / Активно учество на средношколците во подобрувањето на условите во Општината

Активно учество на средношколците во подобрувањето на условите во Општината

Во рамките на проектните активности за работа со млади и обезбедување услови, како младите можат да го исполнат својот потенцијал како активни граѓани, денес во средното економско училиште “ Јане Сандански “ во Битола  беше организиран настан на кој учесниците имаа можност да се запознаат со локалната самоуправа и начинот на нејзино функционирање.

            Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, ги запозна младите учесници за начинот на работа во Општина Битола, како и за постојаната отвореност на локалната самоуправа за младите ентузијасти и нивните идеи.

Петровска нагласи дека, секој добар предлог кој е во интерес на подобрување на животот во општината може да биде прифатен. Исто така, Петровска ги стимулираше младите луѓе на континуирано сопствено надградување, затоа што само вистинските професионалци се конкурентни и за нив постојат секогаш отворени врати за вработување како во државниот, така и во приватниот сектор.

Инаку средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола,е  едно од 10 те средни училишта, вклучени во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, проект кој се реализира од страна на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп, поддржан од Ифа/Живик програмата во склоп на Федералната канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*