Home / Македонија / Акумулацијата Стрежево преполна

Акумулацијата Стрежево преполна

Нова опасност за жителите на пелагонискиот регион Могила и Новаци претставува акумулацијата Стрежево која поради обилните дождови и врнежи од снег е полна до критичнното ниво.

 

Во езерото Стрежево моментално има над 98 милиони кубици вода а критичното ниво изнесува 119 милиони. Со оглед на тоа што дневно во акумулацијата се влеваат од еден милион до два милиони кубици можно е таа да се преполни.

 

Од тие причини, денеска од Стрежево побараа да се пушта вода од акумулацијата што дополнително би ги загрозила поплавените подрачја. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески нареди стручни екипи да ја испитаат ситуацијата и во овој момент воопшто да не се пушта вода од Стрежево.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*