Home / Вести / Алармантно 5 новозаболени во Битола

Алармантно 5 новозаболени во Битола

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1 и еден во Ресен.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6 и еден во Пробиштип.

Во последните 24 часа нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040. Во моментов, статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 4.350, активни 1.892
• Куманово 933, активни 247
• Дебар 175, активни 112
• Штип 640, активни 324
• Прилеп 311, активни 54
• Тетово 955, активни 302
• Струга 377, активни 195
• Велес 208, активни 29
• Битола 94, активни 49
• Охрид 245, активни 130
• Кавадарци 33, активни 19
• Гостивар 315, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 33, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 91, активни 23
• Пробиштип 45, активни 28
• Демир Хисар 18, активни 16
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 203, активни 188
• Кичево 101, активни 82
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 лица. На кислородна поддршка се 34 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, како и едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани се 92 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини, согласно новите податоци е следна:

• Чаир – 285
• Аеродром – 193
• Бутел – 136
• Гази Баба – 208
• Центар – 162
• Карпош – 176
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 150
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 20
• Зелениково- 12
• Странец – 7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*