Home / Политика / Алексанадр Кирацовски генерален секретар на СДСМ

Алексанадр Кирацовски генерален секретар на СДСМ

Со одлука на партиското раководство на СДСМ  во неделата, на 18 јуни, за генерален секретар на СДСМ е избран Александар Кирацовски, актуелен пратеник во Собранието на Македонија, кој во изминатиот период ја извршуваше функцијата потретседател на партијата.

Кирацовски е роден е на 23.02.1983 година во Битола. Оженет е, и е татко на две деца.Тој има завршено Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, машинскиот смер, насока – Индустриско инженерство и менаџмент во 2007 година. Во 2010 година  магистрира во областа на менаџментот на човечки ресурси, при  Универзитетот за Туризам и Менадзмент” во Скопје, со магистерски труд на тема од областа на политичкото лидерство. Во 2008 година ја освојува првата награда на натпреварот за најдобар бизнис план, организиран од СПАРК Холандија и има значаен придонес во развојот на претприемништвото во Пелагонискиот регион. Од 2011 година работи како раководител на Центарот за развој на човечки ресурси и во Фондација Бизнис Стартап Центар Битола и консултант за стратешко бизнис планирање во Бизнис Инкубатор Битола (Центар за развој на мали бизниси и Бизнис Инкубатор – Битола) во рамките на проектот „Бизнис без граници” (Бусинесс Њитхоут Бордерс) поддржан од УСАИД. Поседува сертификат за успешно завршена „Политичка академија” во организација на Прогрес Институт, Фондација Фридрих Еберт и Олоф Палмне – Меѓународен центар; Сертификат за обуки во сферата на претприемништвото, менаџментот, маркетингот и односите со јавноста, во организација на СПАРК Холандија; Сертификат за обуки од областа на бизнисот во организација на УСАИД и Сертификат за успешно завршена обука за Менаџмент на човечки ресурси. и во организација на Фондот за развој на човечки ресурси.

Иако е релативно млад тој има богата политичка кариера.

Бил раководител на Центарот за комуникации при Општинската организација на СДСМ Битола бил во периодот од 2012 до 2013 година.

Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 2010 до 2012 година. Претседател на Локалниот клуб на СДММ Битола бил во периодот од 2008 до 2010 година.Во јуни 2013 година е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.Во ноември 2015 година беше избран за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација со договорот 2 јуни -15 јули во Владата која ке ги организира предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На последните предвремени парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември минатата година Александaр  Кирацовски е избран за пратеник во Собранието.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*