Don't Miss
Home / Свет / Анџелина и Бред ги продадоа свадбените фотографии за 2 мил. долари

Анџелина и Бред ги продадоа свадбените фотографии за 2 мил. долари

Најпопуларниот холивудските пар Анџелина Џоли и Бред Пит, фотографиите од венчавката која се случи на 23 август, ги продадоа за два милиони долари, пренесуваат денеска американските медиуми.
Актерите, фотографиите ги продадоа на таблоидите “Пипл“ и “Хелоу“ кои пак вчера објавија слики и детали од венчавката, но не наведоа дека ги купиле.
Овие два медиумите морале да ги здружат силите за да ги соберат парите кои оваа двојка ги побарала за фотографиите, венчавка која се случи далеку од очите на јавноста.
На венчавката присуствувале мал број на гости во замокот Миравал во Прованса, каде што холивудската двојка има имот и произведува вино „розе”.
Бред Пит (50) и Анџелина Џоли (39) се во врска од 2005 година. Имаат шест деца од кои три се посвоени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*