Home / Свет / Анџелина во венчаница од “Версаче“ ја краси насловната на “Пипл“

Анџелина во венчаница од “Версаче“ ја краси насловната на “Пипл“

И кога многумина помислија дека нема да се појават фотографии од тајната венчавка на најславниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, престижниот светски магазин “Пипл” ја доби ексклузивата. Насловната страница на магазинот, ја краси Анџелина Џоли во венчаница од брендот “Версаче”.

Тоалетата на актерката ја дизајнирал Луиџи Маси од “Ателиер Версаче”, а била украсена со цртежи од нејзините деца.

 

postcandidate_21517
Обожавателите во светот се воодушевени од првите фотографии од тајната церемонија.
-Луиџи ми е како семејство и не би можела да замислам дека некој друг ја дизајнира мојата венчаница. Ги познава и моите деца па затоа одлично ги вклопи нивните цртежи во целата работа”, изјавила Анџелина.
Важно беше денот да биде релаксиран и полн со радост. Беше важен ден кој сакавме да го споделиме со своите деца”, рекле младенците.

Енџи до олтарот ја испратиле децата Медокс и Пакс, додека Захар и Вивиен држеле цвеќиња, а Шило и Нокс ги носеле венчалните прстени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*