Home / Uncategorized / Регистрирани 72 нови позитивни на ковид 19

Регистрирани 72 нови позитивни на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.905. Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.177, активни 588
• Куманово 1.554, активни 230
• Дебар 264, активни 31
• Штип 1.191, активни 90
• Прилеп 532, активни 140
• Тетово 1.260, активни 105
• Струга 604, активни 60
• Велес 281, активни 21
• Битола 231, активни 40
• Охрид 377, активни 53
• Кавадарци 191, активни 26
• Гостивар 825, активни 103
• Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 30
• Крива Паланка 62, активни 18
• Радовиш 48, активни 8
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 169, активни 39
• Пробиштип 91, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 80, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 69, активни 35
• Валандово 10, активни 2
• Виница 84, активни 27
• Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 6
• Свети Николе 302, активни 25
• Кичево 286, активни 40
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со ПЦР метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 56
• Гази Баба – 75
• Аеродром – 98
• Карпош – 68
• Центар – 65
• Кисела Вода – 55
• Ѓорче Петров – 37
• Бутел – 39
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*