Home / Вести / Автомобил удрил во дрво, загина совозачот

Автомобил удрил во дрво, загина совозачот

Жена, совозач во автомобил утринава загина во сообраќајна несреќа што се случила во Битола.

Автомобил „фолксваген пасат“, управуван од четириесет и деветгодишен жител на преспанското село Крани, удрил во дрво.

Од јачината на ударот на лице место загинала, четириесет и четиригодишната сопруга на возачот, додека тој со тешки повреди бил пренесен во болница.

Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!