Home / Градска хроника / Бајкинг тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци

Бајкинг тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци

Во рамките на Балканската конференција за активен туризам кој деновиве се одржува во Охрид, во општина Новаци се возеше бајкинг тура  „Ден на авантура”.

Градоначалникот Лазар Котевски ги дочека учесниците на оваа велосипедска тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци , им подели пригодни подароци и промотивни материјали од овие предели и им посака убаво поминато време и нивно повторно ваќање.

-Многу ми е мило што и Општина Новаци е дел од овој значаен настан за нашата држава особено за нашата општина која изобилува со големо културно историско наследство кое многу лесно преку вакви настани и промотивни тури може да се придонесе  за развој на  туризмот- рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Од денес  до 12 мај 2016 во хотелот „Инекс Горица“  во Охрид, регионалната конференција АдвентуреНЕЏТ ќе ја промовира следната голема туристичка дестинација на Здружението за активен туризам (АТТА): Балканот.

-Оваа тура се организира со гости од Австрија, Бугарија и Америка заедно со туристички водич. Времетраењето е 4 часа а рутата ние Новаци, Рибарци, Гнеотино,Брод, Скочивир и река Коњарка. Имаме организиран традиционален ручек во караулата кај Скочивир- вели Бојан Ранташа, организатор на велосипедската тура.

Главна цел на оваа конференција за туризам е да го прикаже Балканот како регион кој е подготвен за ренесанса во сферата на активниот туризам, но и да се подигне свеста за овој скриен, но целосно достапен дијамант на Европа.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*