Home / Култура / Библиотеката доби нови најсовремени простории

Библиотеката доби нови најсовремени простории

На свечен начин, денеска, во НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола која годинава слави 70 годишен јубилеј, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска зедно со првиот човек на Општина Битола, градоначалникот Владимир Талески и директорот на Библиотеката, Науме Ѓоргиевски го пуштија во употреба новиот дограден дел опремен по најсовремени стандарди со што Библиотеката доби нови петстотини метри површина, наменет исклучиво за корисниците.

biblioteka 2   biblioteka 4

-Новата надоградба на самата институција ќе биде во интерес на посетителите, читателите, почитувачите  на пишаниот збор. Библиотеката располага со над 600 илјади книги и списанија и постојано нуди нови содржини. Ова е еден дополнителен простор за читателите. Инвестицијата изнесува над 30 милиони денари, средства од буџетот. Со тоа се направи одличен спој со стариот и новиот дел. Се добија функционални простори, опрема за симултан превод и тие простори ќе се користат за трибини, семинари. Министерството за култура континуирно издвојува средства за набавка на нови публикации- истакна министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска која воедно во Битола најави реализација на значајни проекти од културата во градот.

biblioteka 1  biblioteka 6

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески ја истакна големата важност од поддршката што ја дава министерството за култура за многуте реализирани културни проекти кои ја афирмираат Битола, но и државата.
-Универзитетската библиотека е по сите европски и светски стандарди на задоволство на сите граѓани на Битола. Многу проекти ќе се реализираат во оваа година. И три проекти се значајни за Битола, тоа се: Музичкото училиште, Горната гимназија и Безистенот. Заедничката соработка на културните институции со министерството за култура, во голем дел придонесе да имаме богата културна програма за битолчани особено во летниот период- подвлече градоначалникот Владимир Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*