Home / Uncategorized / Битола ќе набави две електрични возила

Битола ќе набави две електрични возила

Општината Битола преку проект за прекугранична соработка со Грција, ќе набави две електро-транспортни возила, односно еден минибус и едно помало возило, кои што ќе бидат ставени во функција на граѓаните и учениците. Денеска состанокот во Општина Битола беше од технички аспект.

-Станува збор за проект што предвидува набавка на две електро-транспортни
возила, еден мини бус и едно помало возило што ќе бидат ставени во функција на потребите на граѓаните на Битола – информираше градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Проектот е од прекуграничната програма ИПА, и предвидува набавка на електрични возила. Проектот ќе биде раководен од Технички универзитет од Грција, а во него се вклучени четири општини. Од грчка страна се вклучени двете општини, Кожани и Лерин, а од македонската страна се вклучени Општина Битола и Општината Ресен.

Вкупниот буџет за реализацијата на проектот изнесува над еден милион евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*