Home / Вести / Битола без заболен од корона вирусот

Битола без заболен од корона вирусот

                       

            Засега според информациите на Нова Македонија општина  Битола  нема пријавен случај на заболени од корона вирусот.

Но  ваквата состојба во никој случај не смее да ги опушти битолчани, кои досега со одредени исклучоци ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата.

Со оглед на тоа што епидемијата во секој момент момент да ја зафати и Битола од Општината  Битола предупредуваат за одговорен однос на сите граѓани.

-Реалноста е таа, во секој момент е можно и Битола да се најде на листата на градови во кои вирусот е регистриран. Затоа е важно сите заедно да се избориме со овој предизвик, вели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Инаку во межувреме  Општина Битола продолжува со дезинфекција на градските населби. Така, денес екипите на битолските јавни претпријатија Комуналец, Водовод, Нискоградба и Пазари, работеа на терен и целосно се изврши дезинфекција во станбените објекти и паркинг просторот, пешачките патеки и коловозите на улиците „Партизанска“, „Питу Гули“, „Север-југ“. „Мирка Гинова“, „Борис Буџевски“ и населбата „Областа“., а  ЈП “Пазари“ тековно работи на одржување и дезинфекција на двата пазари во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*