Home / Економија / Битола до 2017 година ќе добие парно греење од РЕК

Битола до 2017 година ќе добие парно греење од РЕК

Преку користење на топлинска енергија од РЕК “Битола“, со реконструкција на топлинските системи, изградба на магистрален топлински вод во должина од околу 12,5 км од РЕК “Битола“  до градот Битола, како и модернизација на постојната примарна и секундарна топлинска мрежа, ќе се овозможи дел од енергијата што се произведува во РЕК “Битола“  да се користи за греење на домаќинствата и индустриските капацитети во Битола.

Инфраструктурниот проект за транспортниот вреловод е веќе подготвен и добиени се условите за планирање на просторот од Агенцијата за планирање на просторот.
Во моментов, во тек е изработка на елаборатот за животна средина, и на проектите за дистрибутивната вреловодна мрежа. Се очекува основниот проект за системот да биде готов до крајот на годинава. Проектот ќе се реализира преку кредит од германската КФВ Банка, а дел од средствата ќе ги обезбеди ЕЛЕМ. Доколку проектите, ревизиите, добивањето одобренија и останатите процедури се завршат во очекуваните рокови, на почетокот на наредната година може да се очекува објавување на тендер за избор на изведувач на изградбата, информираат од Електрани на Македонија.

Изборот се очекува да биде завршен во првата половина од наредната годината, по што ќе започнат работите на терен. Во фаза на изработка е основен и инфраструктурен проект, а по завршувањето на проектирањето на системот, ЕЛЕМ ќе распише јавен повик за избор на изведувач на системот, по чиј избор ќе почнат градежните работи на терен.

Се очекува проектот да се реализира до 2017 година.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*