Home / Култура / Битола синоќа ја “стресе“ музички земјотрес

Битола синоќа ја “стресе“ музички земјотрес

Над седумстотини посетители, девет бендови, пет диџеи приредија осум часа музика, и многу позитивна енергија, во која уживаа стотици  задоволни битолчани.
Фестивалот „Битолски земјотрес”, се одржа во салата за свадби при Центарот за култура организиран токму од Центар за култура- Битола и Акто Мјузик и инициран од независните дискографски куки „Направи заедно, „69 рекордс” и „ПМГ рекордингс”.
„Битолски земјотрес”, еден потполно отворен коцепт, на кој се приклучија релевантни чинители на алтернативна сцена.

На овогодинешното издание на фестивалот настапија повеќе бендови, електронски артисти и диџеи: „Д Џон”, „Паркети”, „Пи-ем-џи колектив”, „Памперс”, „Новиот Почеток”, „Гавернмент”, „Спенк”, „Кантон 6”, „Демек”, Сашо Ресид, Мирко Попов, Галатеа, Дејан Декс , Миле Гроздановски.

-Токму таа сцена е единствената во Македонија, која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство, истакнаа организаторите кои беа задоволни од тоа како помина настанот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*