.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Битола центар на ликовните таленти од 14 земји во светот

Битола центар на ликовните таленти од 14 земји во светот

Со врачувањето на највисокото признание наградата Гран при, свеченото отворање на светската ликовна  изложба, традиционалниот огномет и настапот на групата Боеми, завчера во Старата битолска чаршија во Битола, по 36 пат свечено беше означен почетокот на 36 изадание на Малиот  битолски Монмартр.

На годинашното издание на Малиот битолски Монмартр  ќе земат учество  над 90 млади ликовни уметници од 14 земји во светот, Словачка, Кина, Русија, Турција, Израел, Србија, Полска, Малезија, Романија, Бугарија и од Македонија,  како и десетмина минатогодшни најуспешни учесници на минатогодишната ликовна колонија.

Според зборовите на идејниот творец на Малиот битолски Монмартр, ликовниот педагог, Коста Хаџиантоновски  на годинашиот конкурс за Малиот битолски Монмартр пристигнаа над  10. 000 ликовни  творби  од 32 земји на  светот. На  изложбата, на годинашното издание на Малиот битолски Монмартр во Националната галерија на студиото, во Старата битолска чаршија  ќе бидат  изложени 800 цртежи кои  отскокнуваат со својот квалитет.

Покрај тоа што учесниците на колонијата ќе создаваат ликовни творби на тема старата битолска архитектура во Битола, тие, во рамките на ликовниот караван на истата тема ќе создаваат ликовни творби во Охрид и Вевчани, каде годинава за прв пат ќе гостуваат младите ликовни творци.

Инаку  Малиот битолски Монмартр располага со огромно ликовно богатство. Во депото на Детското ликовно студио “Кирил и Методиј” има на 500.000 ликовни творби, создадени  од деца од целиот свет. До сега  на ликовната колонија Мал битолски Монмартар учествувале  повеќе од 850 тимови, или 4.000 учесници, голем број  ликовни  педагози и други гости. Оваа е единствена манифестација  каде под еден покрив се организира светската ликовна колонија и изложба како и светскиот ликовен хепенинг.

Малиот битолски Монмартр е исклучителен светски настан од областа на ликовното воспитување на младите. Во своето досегашно постоење успешно се позиционираше како еден од најзначајните детски ликовни настани не само во Македонија туку и во целиот свет.
На оваа манифестација низ годините им се овозможува на децата учесници од целиот свет можност за креативно творештво преку различни ликовни техники.
Инаку Детското ликовно студио “Кирил и Методиј”  во изминатите години беше еден од иницијаторите за отворање на ваква ликовна Манифестација пред 17 години  во градот Евора Португалија, а од пред 5  години, благодарение на помошта на студиото од Битола иста   манифестација, како Малиот битолски Монмартр се одржува во Хонг Хонг.

Годинава добитник на највиското признание  на Малиот битолски Монмартр, наградата Гран при е екипата  од основното уметничко училиште „Спишка Бела” од Словачка,. кое по трет пат добива гран при

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*