Home / Вести / Битола украсена со над 20.000 нови цвеќиња

Битола украсена со над 20.000 нови цвеќиња

                   

          Со посадени над 20.000 пролетни и есенски цвеќиња од сопствено производство јавното комунално претпријатие “ Комуналец “ во заедничка координација со општината деновиве ја раубавија Битола.

          Деновиве, Битола наликува на вистински цветен град.

-Ме радува тоа што имаме ново, сериозно освежување на изгледот во нашиот град со новите поставени цветни садници. Но она што повеќе ме радува што ваквото освежување и разубавување се случува со заштеда од 1 милион денари, затоа што годинава ЈП „Комуналец“ ги збогати капацитетите со кои што располага. Направи свои пластеници, каде што за прв пат цвеќето кое што се сади во толку големи количини е целосно нивно производство. Досега, преку тендерски постапки се набавувало цвеќето за разубавување на градот, но овој пат исклучително е значајно да се каже дека цела количина на цвеќе која е засадена, е производство на ЈП „Комуналец“. Нивна намера е во периодот кој што следува, бројот на пластеници да расте, а тоа значи и раст на бројот на површини кои ќе бидат разубавени на ваков начин. Останува сите ние граѓаните, да го сочуваме сето ова што е убаво и оплеменето , изјави денеска градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

Од ЈП „Комуналец“ кој деновиве  во повеќе реони во градот сади светни алеи и гради неколку детски паркови велат:

-Многу се позитивни реакциите на граѓаните и добивме наплив од барања да биде уреден просторот пред нивните згради и во сите населби. Цветниот расад, сепак го поставуваме на места каде што веќе функционира системот „капка по капка“, поставен годинава, на сите локации каде што имаме нови цветни површини, затоа што само вака успешно ќе се зачуваат цветните насади. Разгледуваме и дополнителни простори со дополнителни површини каде што ќе може да поставиме ваков систем, а потоа и да продолжиме со засадувања. Намерата ни е да го прошириме пластеничното производство следната година и да направиме нова соработка со граѓаните, за да можат да подигнуваат цвеќиња во одредена количина од кај нас“, посочи директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*