Home / Вести / Битола за свои потреби купи два минибуси

Битола за свои потреби купи два минибуси

           

            Возниот парк на општината Битола од денеска е побогат за два нови минибуси.

            Општина Битола за првпат и со сопствени средства набави нови, еколошки минибуси на метан, со по 16 и 19  седишта, кои според зборовите на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ќе бидат наменети и за учениците и за останати услуги, наменети за граѓаните.

-Согласно програмите за работа и средствата предвидени од буџетот, Општина Битола годинава набавува 4 минибуси со капацитет од 70 седишта, во вредност од 18 милиони денари. Според нашата споредбена анализа, ќе покажеме кои се ефектите на едни поинакви политики, кои што ги покажува оваа локална самоуправа.

 Во изминатиот период за превоз на ученици, со некои поинакви политики, беа потрошени околу 9 милиони евра, што во превод би значело набавка на 116 вакви минибуси. Замислете, ако се воделе домаќински политики, како што ги покажуваме ние денес, кој капацитет на превозни средства и кои услуги би ги имала нашата локална самоуправа. Во оваа насока Општина Битола ќе продолжи да се однесува, затоа што само на ваков домаќински начин може да имате поефективен, поекономичен и поуслужлив превоз кон граѓаните,  изјави градоначалничката Наташа  Петровска.

Инаку неодамна локалната самоуправа на Битола покрена иницијатива за  за формирање на регионалното јавно претпријатие за подобрени услуги во превозот за жителите на општините Битола, Могила и Новаци.

Одлуката за формирање на  јавно автопревозно претпријатие треба да биде донесена на седница на Советот, која е закажана за 5 април.

-Следната недела доаѓа уште едно превозно средство, кое покрива категорија на граѓани кои што во изминатиот период имала сериозни проблеми од аспект на мобилноста, истакна  Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*