Home / Uncategorized / Битолчани и преку петиција бараат чист воздух

Битолчани и преку петиција бараат чист воздух

После огромната поддршка на “Фејсбук” групата со наслов “Битола сака чист воздух” која брои над 7 илјади поддржувачи, битолчани масовно се потпишуваат и на он лајн петицијата која е отворена за таа намена.
– Повод за формирањето на истата, се екстремното зголемување на заболени и смртно настрадани сограѓани кои ја загубиле борбата во битката со карциномот предизвикан пред се од загадениот воздух- велат основачите на групата која доби масовна поддршка од битолчани.

peticija 2

Додаваат дека оваа група е оформена со само еден заеднички интерес – Подобрување на квалитетот на живот и алармирање на надлежните да се придржуваат до сите законски мерки. Во насока на реализација на нашите идеи ќе бидат организирани трибини на кои стручни лица од разни области поврзани со овај проблем, ќе имаат свое излагање.
Петицијата која беше формирана денеска, досега ја потпишале над 250 граѓани.

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*