Don't Miss
Home / Вести / Битолчани со поддршка на суспендираните полицајци

Битолчани со поддршка на суспендираните полицајци

               

Доцна попладнево над две илјади  битолчани се приклучија кон протестот на Независниот полициски синидкат  за поддршка на суспендираните полицајци од Битола.       Протестот почна пред споменикот на Стив Наумов, а потоа продолжија да се движат низ Широк Сокак и завршија пред Јавното обвинителство и СВР.

Н протестот битолчани побараа  повлекување на кривичните пријави и дисциплинските постапки против суспендираните полицајци за немилиот настан кој се случи пред неколку дена кога  полицајци брутално ги (пре)тепаа неколкумина роми кои пред та предизвикаа сообраќајка  кај Поштата. О

Од протестот беше упатено  писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кое нагласија дека на  полицијата основна задача му е да се грижи за сигурноста и безбедноста на сите граѓани во државата, а за жал,  во последно време  се позачестени се нападите врз полициски службеници.

-Ние тоа нема да го дозволиме. Како граѓани сме згрозени од сите монтирани, спинувани објави што се појавија по медиумите и од лавината недолични коментари што се истурија по социјалните мрежи. Сакаме да ја искажеме довербата што ја имаме кон полицијата. Во тие редови стојат вистински професионалци кои го штитат интересот на граѓаните. Не постојат граѓани од прв и втор ред и никој не смее да биде над законот. Од се што видовме нема ни најмал сомнеж за дискриминација, ни за пречекорување на овластувањата зашто полицискиот службеник секогаш пред себе го има етичкиот елемент и никогаш не напаѓа. Но, должен е да реагира, а не да се претвори во топовско месо или жртва на оние што се стават над законот, а потоа се затскриваат зад некои заедници, беше речено на протестот.       

Учесниците на протестот положија букети свежи цвеќиња на загинатите полицајци во конфликтот во 2001 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*