Don't Miss
Home / Македонија / Битолчани собираа потписи за одбрана на Македонија

Битолчани собираа потписи за одбрана на Македонија

Странските служби и нивните марионети нема да ни ја кројат судбината

Давајќи му целосна поддршка на граѓанското движење за одбрана на Македонија, иницирано од група на интелектуалци, актери, професори и останати јавни личности од Македонија, денеска,  пред Центарот за кулура се собираа потписи за одбрана на државните интереси на Република Македонија.
Битолчани масовно се одѕваа во собирањето потписи за како што истакнаа, да  покажаа дека нема да дозволат странски платеници и странски мешетари да им ја кројат судбината.

potpis 2

Ѓорѓи Чекутков од Здружението “Тодор Александров” рече дека ја даваат нивната поддршка на оваа иницијатива и дека тие ќе се спротистават на секој обид за загрозување на државните интереси ан Македонија.

Поддршка на оваа граѓанска иницијатива дадоа и други здруженија и обични граѓани.

 
Граѓанското движење за одбрана на Македонија излезе со платформа за одбрана и будност на граѓаните против, како што пишува, поединците, групите и партиите кои се понесени од својата алчност за власт и не бираат средства и ги поткопуваат темелите и одземаат слободата на државата.

 

По собирањето на потписи во малата сала на Центарот за култура се одржа трибина на која зборуваше режисерот Љубиша Ѓорѓиевски.

 
Тој во своето излагање истакна дека многу македонски револуционери се премет на предавство и дека ова не смее да продолжи.

 

Не смееме да дозволиме никој да си поигрува со интересите на Република Македонија, а посебно не оние мал број луѓе кои што даги задоволат своите интереси се подготвени дури да се стават на услуга на странските мешетари, нагласи меѓу другото Љубиша Георгиевски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*