Home / Економија / Битолска млекара добитник на Национална награда за најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

Битолска млекара добитник на Национална награда за најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

Битолска млекара е добитник на награда за најдобра пракса за безбедност и здравје при работа за 2021 година при валоризација на безбедносни процедури во категоријата средни компании до 250 вработени. Наградата ја доделува Министерството за труд и социјална политика по изборот на Националниот Совет за безбедност и здравје при работа и според покажаните практики што се применуваат во компаниите како и имплементирање на законските обврски при заштита на вработените. Битолска млекара спроведува и дополнителни активности за унапредување на безбедноста и заштитата на работното место со кои уште повеќе се потенцира важноста и значењето на вработените.

“Во Битолска млекара се применуваат напредни и високо стандардизирани мерки за заштита при работа со што се посветува големо внимание на вредноста на човечкиот капитал и на нашите вработени. Затоа, добивањето на наградата за нас значи потврда за ефикасноста на веќе применетите практики, но многу повеќе поттик за дополнително подобрување и усовршување на безбедносните мерки како и на заложбите за континуирано подобрување на безбедноста на работните места и зачувување на здравјето при работа”, велат од Битолска млекара.

Во изборот на компании каде се практикуваат принципите за безбедност и здравје на вработените оваа година учествуваа вкупно 23 компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*