Home / Вести / Битолски кугларки на Светското првенство во куглање до 18 години

Битолски кугларки на Светското првенство во куглање до 18 години

        

          Млади битолски кугларки до 18 години деновиве ќе учествуваат на Светското првенство во куглање, кое викендов започнува во Словенија.

Пред заминувањето на Светското првенство  градоначалничката на Битола,  Наташа Петровска се сретна со нашите репрезентативки и нивниот тренер Игор Михајловски и им посака многу успеси во тамошните натпревари.

Девојките, заедно со тренерот  Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината.

Инаку ова е за  прв пат во историјата на овој спорт комплетната репрезентација на Македонија да биде составена од  репрезентативки  од Битола.

Во последно време куглањето во Битола бележи мошне добро резултати, а со комплетното реновирање на кугланата, лоцирана во спортската сала “ Боро Чурлевски“ , со поддршка на Општината Битола и Агенцијата за млади и спорт  се создадоа извонредни услови за кугларите во градот под Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*