Home / Uncategorized / Битолски весник подготвува спектакуларен избор

Битолски весник подготвува спектакуларен избор

Во пресрет на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2019“ Битолски весник подготвува вистински спекатакл.Поради големиот интерес Битолакси весник оваа година влезниците ќе ги пушти во продажба веднаш по Божикните празници.

Битолски весник оваа година посебно внимание ќе му посвети на културно забавниот дел на Манифестацијата.

За прв пат, откако се организра оваа Манифестација, организацијата на Изборот му е доверена на професионална агенција за организирање на концерти.

Во текот на вчераншниот ден со сопственикот на Агенцијата и неговиот менаџерски тим е договорено како ќе биде озвучувањето осветлувањето, разгласот, музичките групи и пеачи, ди џеите и водителите кои ќе настапат на Манифестацијата.

Со оглед на тоа што се работи за реномирана агенција Битолски весник очекува до сега невидена забава, а тоа го потврдуваат музичките групи и пеачи кои ќе настапат во забавниот дел.

Инаку завршниот дел на Манифестацијата ќе биде во традиционалиот дату, последниот петок во февруари, поточно на 28 февруари во ресторанот Вавилон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*