Home / Култура / Битолскиот театар ќе гостува во Русија и во Кина

Битолскиот театар ќе гостува во Русија и во Кина

Ансамблот на Битолскиот Народен театар ќе гостува во Русија и во Кина.

Во Русија ќе биде прикажана претставата „Иванов” додека во Кина ќе се одигра претставата „Хенри Шести”.
– Првото гостување е во Ростов на Дон каде што на тамошниот интернационален театарски фестивал ќе ја одиграме претставата „Иванов” од Антон Павлович Чехов, а во режија на Александр Баргман. Освен нашиот, во Ростов на Дон ќе учествуваат уште десеттина други театри од исто толку држави, но она што е значајно е податокот дека нашиот настап е високо медиумски афирмиран пред се заради нашиот актер Огнен Дранговски со нагласка дека играл на „Глоб Театар” и се смета за актерска ѕвезда на тој фестивал. Веднаш потоа, на покана на Националниот театар од Пекинг, од 15 до 21 октомври ќе престојуваме во Кина каде ќе настапиме на Националниот фестивал за драмски класици и каде во два термини ќе ја одиграме претставата „Хенри Шести”, истакна на денешната прес-конференција, директорот на БНТ, Валентин Светозарев.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*