Don't Miss
Home / Спорт / Битолските “фармацевти” ја освоија Европа

Битолските “фармацевти” ја освоија Европа

        Ракометарите на Еурофарм Работник со победата и во реваншот против  екипата на Берн Мури  во Швајцарија ( 28:30) го направија најголемиот клупски успех и се пласираа во групната фаза на ЕХФ Купот.

По триумфот во првиот натпревар во Битола, екипата на Еурофарм Работник славеше и во реванш натпреварот од третото квалификациско коло против Берн Мури со 28-30.

Со двете победи Еурофарм Работник се пласира во третото квалификациско коло и обезбеди место во групната фаза на ЕХФ купот.

Противниците на Еурофарм Работник ќе бидат извлечени во Виена в четврток,(утре), а групната фаза ќе се игра од 9-10 февруари до 30-31 март следната година.

Со пласманот во групната фаза на ЕХФ купот, Еурофарм Работник  стана најмладиот клуб кој обезбедил пласман во групната фаза на еден европски Куп.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*