.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Битолските пензионери бараат повеќе клубови за нивните членови

Битолските пензионери бараат повеќе клубови за нивните членови

                      

            Битолските пензионери бараат во Урабните заедници во Битола да се отворат поголем број на пензионерски клубови, за разонода.

            Ваквото барање пензионерите и го презентираа на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на денешната средба, која по сите здравствени протоколи се одржа денеска во  работните простории на Здружението на пензионери од Битола, на која присуствуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Претседателот  Здружението на пензионери Томе Димитровски, посочи дел проблемите со кои се соочуваат пензионерите, при тоа изложувајќи дел од барањата  во кои можат да добијат поддршка од Општина Битола. Тој во име на пензионерите  ја истакна заложбата за поголем број на пензионерски клубови, кои би се отвориле во одредени урбани заедници. Исто така, беа посочени и одредени натамошни активности во насока на подобрување на социјалниот живот на пензионерите, како и акциите во кои што учествува Здружението на пензионери со своја помош, истакнувајќи ја и компонентата на општествената одговорност.

Од своја страна, градоначалничката Наташа Петровска посочи дека Општина Битола постојано ги поддржува активностите на Здружението на пензионери, особено нивните општествено одговорни акции и помош до категориите на граѓани и нституции, на кои што таа секогаш им е добредојдена. На средбата беа договорени конкретни натамошни чекори за реализација на заеднички проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*