Don't Miss
Home / Култура / Благоја Куновски – Доре е нов директор на „Браќа Манаки“

Благоја Куновски – Доре е нов директор на „Браќа Манаки“

Друштвото на филмските работници денеска на прес конференција објави дека нов директор на интернационланиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е избран дологогодишниот филмски критичар и селектор Благоја Куновски – Доре.

Нов уметнички директор е Евгенија Теодосиевска, досегашна селекторка на документарната програма на фестивалот.

Претседателот на ДПРМ Роберт Насков појасни дека по смената на Димитар Николов – Таки која дошла заради тоа што друштвото не се согласило со неговиот концепт за иднината на фестивалот, на вчерашното собрание на кое првпат се гласало и телефонски бил избран Куновски.

Фестивалот ќе се одржи од 10 до 18 септември во Битола.

Новиот директор рече дека во своето работење ќе настојува да ја одржи 40 годишната традициј ана фестивалот, тој утре ќе замине на Канскиот филмски фестивал, а на 26-ти мај ќе го објави името на главниот лауреат на фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*