Home / Вести / Боки 13: Јас сум идниот Тито

Боки 13: Јас сум идниот Тито

Бојан Јовановски, завршниот збор го даде облечен во бело потенцирајки дека е како Тито а рече и дека е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувал во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци го држат во притвор. За бизнисменот Орце Камчев рече дека бил криминоген а за Зоран Милевски Кичеец рече дека е агент провокатор и покажа фотографии во судница кои наводно биле направени вчера и дека тој со својата паравојска се шета на слобода низ Скопје и седи со директори додека обвинителството гони невини луѓе, а тоа било така затоа што се ближат избори.

Според Боки 13 бледите завршни зборови на јавната обвинителка биле цитати од филмови и немала докази. Го цитираше Достоевски а ги спомна и Нушиќ и Ролинг Стоунси

Да беше жив Бранислав Нушиќ можеше слободно да ги замени неговите дела, „Госпоѓа министерка” со „Госпоѓа обвинителка”, „Сомнително лице” со „Сомнителен сведок”, а „Ожалестено семејство” со „Ожалостена држава”. Зошто? Затоа што сите сме сведоци на еден театар во судницата за оваа постапка… Јас сум имал врска со предметите на СЈО, колку што „Ролинг стоунс“ може да отпеат песна од Гоце Арнаудов, рече Јовановски.

Јовановски рече дека можеби Камчев дал и повеќе од еден милион евра, но не на него туку за „трас-трас“ началното правно мислење на Врховниот суд, со кое сопреа истрагите на СЈО.

Најголема небулоза во обвинението според одбраната е тоа дека Јовановски во 2017 перел пари земени во кривично правен настан кој се случил година дена подоцна а за снимката од домот на Камчев рече дека изгледа како од филмовите на Стивен Спилберг.

Ако во торбата имало еден милион евра таа ќе тежела речиси 20 кг. и Милевски немал да ја носи како да има пердув во раце, рече адвокатот Дуковски според кого обинението е направено според исказот на сведокот Камчев. По завршниот збор на Катица Јанева судијата ќе треба да закаже и објавување на пресудата но на Боки 13 му предстори уште еден судски процес поврзан со неговата невладина „Мегународен Сојуз“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*