Home / Вести / Боки 13 кривично ги гони учесниците во Рекет

Боки 13 кривично ги гони учесниците во Рекет

Бојан Јовановски e спроведен од истражниот затвор „Скопје” во скопското јавно обвинителство, откако бараше прием, пренесуваат повеќе медиуми. Нема детали околу причините за средбата, иако се шпекулира дека Јовановски има намера да поднесе кривични пријави.

Јовановски досега во неколку наврати бараше да се сретне со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, за со него да ги сподели информациите што ги поседува. Јовановски не сакаше да ги поднесе пријавите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, па затоа ќе ги поднесе во скопското обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*