Home / Uncategorized / Боки 13 во Милано со мајка му за три денар спискал 150.000 евра

Боки 13 во Милано со мајка му за три денар спискал 150.000 евра

За неколку дена, на шопинг во Милано Италија, односно крајот на февруари 2019 година, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска потрошиле стотина илјади евра на шопинг.

Обвинителката Ивана Трајчевска ги читаше извршените трансакции, па редеше суми од : 3.605 евра, 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра, 1.440 евра, 2.535 евра, 14.820 евра, 14.965 евра, 10.430 евра, 26.800 евра, 6.680 евра…

Додека обвинителката читаше, адвокатот Сашо Дуковски реагираше дека дел од сметките се повторувале.

Обвинителката посочи дека сметките биле обработени од МВР,  без притоа да ја наведе вкупната потрошена сума.

На крајот обвинителката Вилма Русковска прецизираше дека за три дена, 25, 26 и 27 февруари потрошиле 148.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*