Home / Uncategorized / Боки 13 вратен во Шутка

Боки 13 вратен во Шутка

Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во како Боки 13, вчера бил вратен од болницата „8-ми Септември“ во затворот во Шутка, потврдуваат од затворот.

Неизвесно е дали денеска ќе биде донесена одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење, велат од Апелацискиот суд.

За притворот на Боки 13 ќе се расправа на седница затворена за јавноста бидејќи одбраната на Боки 13 го повлече предлогот за јавна седница.

Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Како што информираа од болницата, тој беше во добра општа состојба и здраствена кондиција и беше задржан за да се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.

Првото судење за Јовановски е закажано за утре, во Кривичниот суд во Скопје. Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го извади од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“.

Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, се во домашен притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*