Home / Спорт / Борче Марковски нов тренер

Борче Марковски нов тренер

По куса пауза, Битола доби нов женски ракометен суперлигаш, кој оваа сезона влегува во битка со преостанатите женски ракометни клубови за што подобар пласман.
За тоа како се одвиваат подготовките во клубот за наредната ракометна сезона, претседателот на Пелистер 2012, Јован Василевски вели:
-Подготовките за оваа сезона ги започнавме пред една седмица, а од понеделникот ги предводи нашиот искусен тренер, битолчанецот Борче Марковски. На првата прозивка се појавија 18 ракометарки, број кој е доволен, но тренерот од страна на Управата на клубот доби одврзани раце да преговора со уште две искусни ракометарки, на позицијата голман и повотмен. До овие две засилувања, кои се надеваме дека ќе ги реализираме, ќе имаме добра и конкурентна екипа. Кога сум кај плановите за наредната сезона, Управата на клубот има амбиции оваа екипа да се најде во средината на табелата, а секако наша најголема цел оваа сезона е да “извадиме“ и некоја квалитетна ракометарка од нашата младинска екипа, која веќе од идната сезона ќе биде стандардна првотимка.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*