Home / Култура / Божикен концерт на Ансамблот “Златне године“ од Хрватска

Божикен концерт на Ансамблот “Златне године“ од Хрватска

Ансамблот “Златне године“  од Велика Горица од Хрватска, по повод претстојните божикни и новогодишни празници одржаа Божикен концерт во Битола.
Во Македонија гостуваат повеќепати, на “Охрид фест“  во 2009 и 2010 година а потоа во Скопје и Битола во 2012 година заедно со машкиот хор од Петриње.
Ансамблот го води композиторот Синиша Белошевиќ кој често на настапите изведува песни на гитара што дополнително ја збогатува музичката атмосфера.
Музиката која ансамблот ја изведува е разновидна -од класични до традиционални композиции, народни песни како и обработки на познати хрватски напеви но и на другите народи и современи музички композиции.
За божикниот концерт изведоа повеќе божикни традиционални песни, меѓу кои и познатите-Бјели божич и Тиха ноќ.
Концертот беше во организација на македонско-хрватското друштво и хрватски кулутрен центар “Марко Марулиќ“  во соработка со Центарот за култура, а во рамките на одбележување 20 години постоење на друштвото.
Ансамблот “Златне године“, настапува на сите значајни манифестации, фестивали, во и надвор од Хрватска.
Насекаде ја пренесуваат љубовта кон музиката, радоста во пренесувањето на сите пораки кои музиката ги носи во себе, вклучувајќи ја љубовта кон родниот крај и татковината но и кон сите луѓе, нивната традиција и вредностите кои треба да се запознаваат и делат.

Нивните гостувања отвараат нова  соработка помеѓу луѓето од различни краеви на светот.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*